Охриѓани реагираат: Со возила по Градската чаршија, има ли друг начин?
јануари 11, 2025

Охрид, 11. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Има ли друг начин за достава? И да нема, мора сами да создадеме начин, порачуваат читатели на OhridPress кои до редакцијата испратија фотографии од Градската чаршија, со автомобили кои се движат по истата како по улица.

– Не се само автомобили. Има и поголеми комбиња кои претпоставувам дека доставуваат роба до дуќаните. Улицата „Македониски просветители“ е само на неколку метри. Се уништуваат и плочките, тоа е правено за пешаци. Мора да се најде начин за истото, не може вака. Никаде во светот ова го нема, реагираат револтирано.

Додаваат дека ова не е убава глетка и за туристите кои ги има во се’ поголем број во Охрид, особено во центарот на градот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука