АМСМ: Снег на патниот правец Гостивар-Стража, намалена видливост поради магла до 100 метри на премините Стража и Плетвар
јануари 11, 2025

Охрид, 11. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Снег провејува на патните правци Тетово-Попова Шапка, Гостивар-Стража, Делчево и Страцин, но не се задржува на коловозот.

Намалена видливост поради магла има во Крушево до 100 метри и на планинските премини „Стража“ и „Плетвар“ до 100 метри.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука