Два случаи на физички напади врз малолетни лица во Охрид
јануари 11, 2025

Охрид, 11. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за два случаи во кои се физички нападнати малолетни лица во Охрид.

На 10-ти јануари 2025 година, во 19:30 часот во СВР Охрид, 40-годишна жена од Охрид пријавила дека нејзиниот малолетен син, на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид, бил физички нападнат од страна на три малолетни лица. Се преземаат мерки за расветлување на настанот.

На 10-ти јануари 2025 година, во 19:00 часот во СВР Охрид, 45-годишно лице од Охрид пријавило дека неговиот малолетен син, на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расветлување на настанот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука