Скопје/Охрид, 12. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На Попова Шапка утрово се измерени -9 степени Целзиусови и наврна најмногу снег – 52 сантиметри, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија
Во Маврови Анови се измерени -8 степени, -6 Крушево, -3 Крива Паланка, Тетово, Берово, Прилеп и Куманово, -2 Битола, Штип, Охрид и Дебар, -1 степен во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Велес и Кавадарци, 0 Скопје-Петровец, Струмица и Демир Капија и 1 степен во Гевгелија.
Висината на снежната покривка, како што информираа од УХМР, во 07:00 часот е 35 сантиметри во Маврови Анови, 15 Штип, Дебар, 12 Ѓуриште, 11 Битола, Тетово, 8 Крушево, 5 Охрид, 4 Прилеп, 3 Куманово, 2 Скопје-Петровец и 1 сантиметар во Струмица и Демир Капија.
Во Охрид денес облачно и студено време насекаде со врнежи од снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 0. степени.
– Денеска насекаде ќе има врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м2). На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително да се зголеми (локално и над 50 см). Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси. Повремени врнежи од снег ќе има и во понеделник, а потоа во следните денови ќе преовладува студено време со услови за провејување на слаб снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес