Охрид, 12. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти јануари 2025 година, во 12:00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на булеварот „Туристичка“ во Охрид, машко лице нападнало 16-годишна малолетничка од Гостивар, која престојувала во Охрид, при што насилно ја внел во неговиот автомобил и почнал да ја допира.
– Малолетничката успеала да избега и се преземаат мерки за расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 16