Скопје/Охрид/Струга, 12. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во моментов се активни забрани за тешки товарни возила од превентивни причини има на следниве патни правци Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, на планиските премини „Пресека“, „Плетвар“, „Ѓавато“, Македонски Брод-Прилеп преку планинскиот превој „Барбарос“, Делчево-граничен премин Делчево и Струга-граничен премин „Ќафасан“, информираат од ЈП „Македонија пат“.
Потенцираат дека со целокупната расположива механизација и работна сила се вклучени во расчистување на патиштата.
– Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме, како навремено би се справиле со снежните наноси. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Апелираме на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, информираат од претпријатието.
Додаваат дека сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нивниот дежурен телефон 02 25 61 502. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива