„Мое Сонце“, нов сингл за одличните „Никеја“
јануари 17, 2025

Охрид, 17. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Групата „Никеја“ од Скопје скоро полни три децении е присустна на македонската рок-сцена. Со многи квалитетна музика, концерти и песни го положија тестот на времето.

Бендот го сочинуваат Алексадар Стојковски на бас-гитара, Лазар Коцев на тапани и Деан Ќурчиев, вокал, гитарист и автор на музиката и на текстовите на песните. И тројцата за себе велат дека по малку се чувствуваат како скитници во модерното време.

Имаат нов сингл „Мое Сонце“, со кое ги направија овие празници уште поубави и внесоа позитивна енергија и музичка убавина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука