Охрид, 17. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Американскиот рок бенд Bon Jovi, на 28-ми февруари ќе го реиздаде својот најпродаван албум, „Slippery When Wet“, на винил и во посебна, дигитална луксузна верзија.
Ќе биде достапен во различни формати, меѓу кои и ексклузивен винил исполнет со течност во само 1.300 примероци, диск со слики кој ќе се печати во 1.500 копии и касета од која ќе бидат достапни само 500 копии.
Дополнително, луксузното издание на албумот „Slippery When Wet“ со седум бонус нумери ќе биде достапњн на 2 CD-а и на сите стриминг платформи.
Ќе ја содржи и долгоочекуваната акустична верзија на „Wanted Dead Or Alive“, како и четири снимки во живо од историската турнеја на бендот во 1987 година, од кои две, вклучително и „Let It Rock“, никогаш претходно не биле објавени. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива