Охрид, 13. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес облачно и студено време насекаде со врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 1. степен.
– Денес ќе има повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, а услови за провејување на слаб снег ќе има и во вторник. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а и дневните наместа ќе се задржат под нула. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно и натаму студено време, со ниски утринските температури кои поради разведрувањето дополнително ќе опаднат и наместа ќе се спуштат под -10 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес