УХМР: Во Охрид висината на снежната покривка е 17 сантиметри, утрово измерени -4 степени Целзиусови
јануари 13, 2025

Скопје/Охрид, 13. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Најмногу снег во изминатото деноноќие наврна на Попова Шапка 64 сантиметри, во Маврови Анови снежната покривка е 57, во Круешево 36, Дебар 34, Штип 32, Демир Капија 31, Тетово 30, Берово 27, Прилеп 20, Охрид 17, Струмица 15, а во Скопје 11 сантиметри, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија 

На Попова Шапка утрово е и најстудено 10 степени под нулата, -8 се измерени во Маврови Анови и Крушево, -5 во Берово, -4 во Крива Паланка, Битола, Прилеп, Охрид и Претор, -3 Тетово, Дебар и Виница, -2 во Скопје, Куманово и Штип, -1 во Велес, Кавадарци, Струмица и Демир Капија, а 0 во Гевгелија.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Во Охрид денес облачно и студено време насекаде со врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 1. степен.

– Денес ќе има повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, а услови за провејување на слаб снег ќе има и во вторник. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а и дневните наместа ќе се задржат под нула. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно и натаму студено време, со ниски утринските температури кои поради разведрувањето дополнително ќе опаднат и наместа ќе се спуштат под -10 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука