СВР Охрид: Граѓаните да не наседнуваат, од лажни профили се нуди учество во ексклузивни „наградни игри“ или инвестирање во виртуелни валути
јануари 13, 2025

Охрид, 13. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Отсекот за компјутерски криминал денеска, од повеќе профили на неколку социјални мрежи, евидентирал зачестени објави во кои, од граѓаните се бара со „клик“ на линкот, да ја отворат и прочитаат објавата или да учествуваат во ексклузивни „наградни игри“ или да инвестираат во виртуелни валути.

– Од преземените мерки, констатирано е дека се работи за лажно креирани профили и поради сомненија за сторени кривични дела од областа на интернет измамите, до граѓаните но и до правните субјекти, апелираме на крајна внимателност при комуникациите на социјалните мрежи. Посочуваме, со цел да не бидат злоупотребени, граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни објави, да не ги отвораат истите, да не ги следат и да не остават свои лични и други податоци или службени информации. Поради комплексниот начин на истрага, една од ефикасните форми за борба против овој вид на криминал е превенцијата и градење висока свест и совест при комуникацијата и користење на интернет мрежите. Воедно, потсетуваме дека информациите за постоење на сомненија за овој вид измами, навремено да се пријават до СВР Охрид, информираат од Секторот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука