Вевчани 2025: Бегалецот Артан Груби, Сашо Мијалков со неговото Ферари, администраторите од Бугарија… (Фото)
јануари 13, 2025

Вевчани, 13. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Бегалецот Артан Груби, скандалот со Видеолотарија, играњето фудбал во државни простории, Сашо Мијалков со неговото Ферари, администраторите од Бугарија…

Ова беа само дел од маските, кои во комбинација со неисцрпната луцидност на уникатните Вевчанци, дадоа посебен печат на годинешното издание на карневалот во Вевчани.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Со традиција од повеќе од 1.500 години вевчанци преку маските „го бркаат злото“.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Синоќа со музичката програма започна Вевчанскиот карневал, едно од главните обележја на Република Македонија за празникот Св. Василиј, односно Василица. Настапија нашиот Пајак, Ареа и бендот Забрането пушење. Вечерва, по карневалските фешти ќе настапат Љубојна, Наум Петрески, оркестарот со зурли и тапани Вевчани, а по нив настап ќе имаат Перо Бели и Коки Биоритам. Манифестацијата завршува утре, со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Вевчанскиот карневал, според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски. Тој е еден од најпознатите брендови на Република Македонија од овој вид, кој традиционално се одржува на 12-ти, 13-ти и 14-ти јануари. Така е со векови, а можеби и со милениуми, една од најстарите традиции на Македонија и Вевчани која се претпоставува дека има континуитет најмалку 1.500 години. Постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2.200 години.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Денес карневалот е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи. Традиционално, учесниците се обидуваат да избегнат воведување на современи карневалски елементи, но веќе години наназад има и богата музичка програма. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Вевчански Карневал

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука