Здравје: Според кардиолозите ова се најдобрите утрински навики за здрав почеток на денот
јануари 16, 2025

Охрид, 16. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Утринските навики се важни за добро расположение и мотивација во текот на денот, а можат да имаат и различни здравствени придобивки за подобро здравје на срцето.

Кардиолозите истакнуваат дека денот е најдобро да се започне со појадок кој вклучува овошје и јаткасти плодови, две намирници кои се корисни за здравјето на срцето. После тоа, препорачуваат да се испие чаша вода.

Пиењето вода наутро е од суштинско значење за здравјето на срцето. Се препорачуваат осум чаши дневно бидејќи редовната хидратација го намалува ризикот од дијабетес и срцеви заболувања и ја помага регулацијата на крвниот притисок.

Кратка прошетка после појадокот

Откако ќе испиете една чаша вода, можете да практицирате уште една навика која е здрава за срцето – кратка прошетка. За здраво срце доволно е и 20-минутно брзо одење. Тоа е мала инвестиција во здравјето на срцето што носи големи резултати на долг рок. Кратката прошетка после појадокот веднаш го подобрува варењето, го регулира шеќерот во крвта и го намалува стресот, додека долгорочно го зајакнува срцето, ја контролира тежината и мускулниот тонус. Ако работите од дома, одлично е во дневните обврски да вметнете и утринска прошетка за да ја зголемите вашата дневна активност.

Утринска навика која треба да се избегнува

Многу луѓе го прескокнуваат појадокот, поради зафатеност или други навики, но тоа може да има негативно влијание врз здравјето на срцето. Здравиот појадок, богат со влакна, витамини и цели зрна, го намалува холестеролот, воспаленијата и ризикот од срцев удар. Истражувањата покажаа дека прескокнувањето на појадокот го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести за високи 27 проценти. Тоа е исто така поврзано со зголемен крвен притисок, дебелина и дијабетес. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука