Вараждин, 15. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Македонската ракометна репрезентација со натпреварот против Унгарија вечерва ги започнува настапите на Светското првенство во ракомет 2025, што се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка.
Натпреварот ќе се игра во Вараждин со почеток во 20:30 часот. Избраниците на Кирил Лазаров за денешниот натпревар ветија голема борба на теренот, а поддршка во тоа ќе имаат и од публиката, најавено е присуство на околу 1.000 до 1.500 наши навивачи, дел од нив ќе бидат и нашинци од Хрватска и околните земји. Освен Унгарија, во групната фаза црвено-жолтите ќе играат и против репрезентациите на Холандија на 17-ти јануари и дебитантот Гвинеја на 19-ти јануари.
Инаку денес на програмата на Мундијалот ќе има уште седум натпревари.
Распоред на натпревари:
18:00 Чешка – Швајцарија
18:00 Египет – Аргентина
18:00 Холандија – Гвинеја
18:00 Португалија – САД
20:30 Хрватска – Бахреин
20:30 Унгарија – Македонија
20:30 Норвешка – Бразил
20:30 Германија – Полска (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива