Струга, 15. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Патниот правец за селото Горна Белица не е прооден, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), а според податоците добиени од локалната самоуправа.
Додаваат дека патниот правец за селата во Малесија до крајот на денот е во план да биде исчистен. Останатите локални, магистрални и регионални патни правци се проодни, а сообраќајот се одвива во зимски услови. Снабдувањето со електрична енергија и вода за пиење е редовно.
Што се однесува до Охрид, сообраќајот на сите магистрални, регионални и локални патни правци се одвива редовно во зимски услови по влажни коловози . Снабдување на населението со електрична енергија и вода за пиење е редовно. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27