Струга, 15. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 43-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница“.
– На 8-ми јануари 2025 година, во заедничкиот двор од куќа во Струга, по претходна расправија со негов 33-годишен роднина, тој со остар предмет му упатил закани, а потоа оштетил предмети од неговата куќа, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 25