Охрид, 16. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремено провејување на снег во планинските региони. Ќе дува засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 4. степени.
– Од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 34