Охриѓанецот Пајак и Лара со „Bella“ ќе ја претставуваат Република Македонија на „Џојвижн“
јануари 16, 2025

Охрид, 16. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Христијан Настески-Пајак и Лара Иванова ќе ја претставуваат Република Македонија на виртуелниот глобален избор „Џојвижн“ со песната „Bella“.

Песната, која го привлече вниманието на публиката со својата емотивност и енергичен ритам, е комплетно дело на Пајак, кој ги потпишува текстот и музиката, додека аранжманот е дело на Иван Јованов-Ивајо, јави порталот muzika24.mk.

„Џојвижн“, кој ќе се одржи на 21-ви, 23-ти и 25-ти јануари 2025 година, ќе донесе многу возбудување и конкуренција. Гласањето за полуфиналето ќе се одвива во две фази: првото полуфинале ќе биде отворено за гласање од 17-ти до 19-ти јануари, додека второто полуфинале од 19-ти до 21-ви јануари. Гласањето за финалето ќе биде достапно од 23-ти јануари до пладне на 25-ти јануари.

Песната „Bella“ за првпат беше изведена на фестивалот „Макфест“, во јануари 2023 година. Постигна огромен успех и веќе има над 34 милиони прегледи на YouTube.

Христијан Настески, познат под уметничкото име Пајак, е македонски трап-изведувач и текстописец од Охрид, роден на 10-ти јануари 2001 година. Со музика започнал уште на шестгодишна возраст, наследувајќи го талентот од неговиот татко, поранешен гитарист и љубител на рок-музиката. Неговата кариера е во подем благодарение на неговиот уникатен стил и соработката со уметници како Лара Иванова. (Крај)

извор: muzika24.mk фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука