Охрид, 17. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани, но и граѓаните од целата држава и многу пошироко уште еднаш ја докажаа својата хуманост и собраа средства за помош на 16-годишната Ана Радеска, наша сограѓанка која боледува од ретката болест Аrnold Цhiari Мalformation и потребно е да и’ се изврши итна операција на мозокот.
Потребна е итна операција на мозокот во Бамберг, Германија, која чини 37.000 евра. Семејството не беше во можност да ги обезбеди овие средства, па испратија апел до сите хумани луѓе, кои се во можност да им помогнат.
– Благодарение на сите вас, Ана на крајот на месецов ќе замине на потребната операција. Од срце ви благодариме за вашата хуманост и големина која ја покажавте, порачаа од семеството Радески. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива