Рим, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Најмалку 29 имигранти од Северна Африка замрзнале во Средоземното Море поради ниските температури, при обид да стигнат до италијанскиот остров Лампедуза, објави ББС.
Информациите ги потврдила италијанската крајбрежна стража. Температурите на воздухот и водата во реонот на катастрофата биле критично ниски, а брановите биле високи до 8 метри.
Имигрантите биле пронајдени на сплав, кој им припаѓал на шверцери. На него имало над 100 лица.
Лампедуза е сон дестинација и најлесен начин за достигнување до Европа од Африка, но секоја година десетици бегалци ги губат своите животи во водите на Средоземното Море. (Крај)
извор: ОхридПрес/ББЦ фото: архива
Прочитано: 21