Лондон, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Нов тест, кој го испитува присуството на клетките на рак преку дишењето би можел да спаси над 10.000 животи годишно, само во Британија, покажуваат истражувањата објавени во весникот „Мирор“.Уредот може да детектира рак на белите дробови и цревата уште пред да се појават симптомите. Тоа значи дека пациентите ќе можат да бидат третирани порано, што ги зголемува нивните шанси за лекување.Експертите се надеваат дека новата технологија ќе може да се користи и за откривање на други сериозни болести. Системот користи наночип со димензии на паричка, кој го анализира здивот на пациентот и открива и најмали траги од хемикалии кои се последица на болеста која е во зародиш.Д-р Били Бојл од универзитетот Кембриџ објасни за „Скај њуз“ дека ова лето ќе започнат тестовите и ако се покажат како успешни, наскоро уредот може да се појави во ординациите на лекарите, па дури и во аптеките. Ова ќе им овозможи на пациентите со висок ризик, како пушачи над 50 години, периодично да се тестираат и да утврдат дали ги имаат првите знаци на болеста. (Крај)извор: Мирор фото: архива
февруари 10, 2015
@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука