Охрид, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Филип Василески – Четкар, успешно се искачи на највисокиот врв во Јужна Америка Аконкагва.
Василески и неговиот роднина Стефан Стојановиќ од Белград го освоија највисокиот врв на Андите, висок 6.962 метри, воедно и највисокиот врв на јужната хемисфера. Двајцата се искачија комплетно самостојно без поддршка на некоја експедиција и водич.
Филип имаше претходно еден обид за искачување на Аконгагва, но тој беше неуспешен. Ги има освоено врвовите Елбрус (5.642 м) и Килиманџаро (5.895 м), оваа година планира да го освои и врвот Денали (6.194 м), заедно со Илина Арсова. (Крај)
извор: karas4training.com фото: karas4training.com
Прочитано: 84