Охрид, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на јавното претпријатие „Водовод“ Охрид денеска на терен работат на санирање на дефектите кои настанаа на водоводната линија на улицата „Дејан Војвода“.
Од претпријатието информираат дека истовремено со санирањето на дефектите, се менуваат и шиберите.
Потрошувачите кои живеат на улицата „Дејан Војвода“ ќе имаат прекин во водоснабдувањето до 12:00 часот.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 43