Мадрид, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Проблемите со поврдените играчи за Карло Анчелоти се уште поголеми, откако се потврди дека поради повреда германскиот интернационалец Сами Кедира ќе паузира три недели.
Тој се повреди на дербито со Атлетико Мадрид а од претходно, во тимот на „кралскиот клуб“ повредени се Серхио Рамос, Пепе, Џејмс Родригез и Лука Модриќ.
Реал Мадрид по поразот од градскиот ривал, во сабота на домашен терен ќе игра против Депортиво Ла Коруња, а Анчелоти наместо Кедира ќе мора да се одлучи помеѓу Асиер Илјараменди и новото засилување Лукаш Силва. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 27