Дортмунд, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Најдобриот фудбалер на Борусија од Дортмунд Марко Ројс го исполни ветувањето и го продолжи договорот со клубот до 2019. година.
Неговиот претходен договор истекуваше во 2017. година и во него стоеше клаузула дека клубот кој ќе сака да го види во своите редови, претходно ќе мора да плати 25. милиони евра. Токму оваа клаузула сакаа да ја искористат Реал Мадрид, Баерн, Манчестер сити и Манчестер јунајтед, но Ројс покажа сериозна верност кон својот клуб.
Во новиот договор нема таква клаузула, па сега сите клубови кои би сакале да го ангажираат, ќе мора да платат далеку повеќе од 25. милиони евра.
– Многу сум среќен што останувам во Дортмунд. Ова е мојот роден град, а Борусија е клубот који ми е во срцето, рече Ројс.
Тој оваа сезона постигна 4 гола на 10 натпревари во Бундеслигата. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива