Мадрид, 11. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Натпреварот кој може да одлучи кој ќе биде новиот шампион во Примера , големиото „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал ќе се игра на 22-ри март во 21.00 часот, одлучи Здружението на шпанските професионални клубови.
Каталонскиот клуб ќе го пречека Реал Мадрид на „Ноу Камп“ во рамките на 28-то коло во шпанското првенство.
Екипата на Реал моментално е на првото место на табелата со само еден бод предност пред второпласираната Барселона и четири бода повеќе од третиот, Атлетико Мадрид.(Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 28