Охрид, 11. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Драмската секција на СОУ „Свети Климент Охидски“ подготува нова драмска претстава.
Станува збор за претстава „ Домот на куклата“, која е по текст на познатата драма „Нора“ од Хенрик Ибзен.
За таа цел, за потребите на реализација на проектната драмска активност, ќе биде организирана аудиција за училишната претстава во на понеделник, 16-ти февруари и тоа за во 12:30 за заинтересираните ученици од III и IV година, а на 20-ти февруари, петок, во 11:00 за учениците од I и II година. Учениците кои ќе се пријават на аудицијата, пожелно е да се групираат во дадените комбинации заради поголем ефект.
Ликови во драмата се:
Торбалд Хелмер – адвокат
Торвалд Хелмер Нора – негова сопруга
Доктор Ранк
Госпоѓица Линде
Крогстад – правник
Трите мали деца на Хелмерови
Ана – Марија – дадилка кај Хелмерови
Хелена – слугинката кај Хелмерови
Дејството се случува во станот на Хелмерови. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива