Рим, 12. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Капетанот на “Коста Конкордија” ќе одлежи 16 години во затвор.
Таква пресуда доби Франческо Скетино, кој беше прогласен за виновен за смртта на 32 лица.
Според обвинението, тој не дејствувал соодветно и го напуштил бродот пред патниците.
Судиите му одредија 10 години затвор за случајно предизвикување смрт на повеќе од еден човек, 5 години за предизвикување на несреќата и 1 година за тоа дека Скетино го напуштил бродот пред патниците да бидат евакуирани.
Обвинителството бараше 26 години затвор. Адвокатите побараа оправдување. Скетино веќе изјави дека ќе поднесе жалба на пресудата за поголема инстанца.
Бродот Коста Конкордија потона на 13 јануари 2011 година и за време на ризичен маневар удри во карпи крај италијанскиот остров Џилиопо. (Крај)
извор: ОхридПрес/АП фото: архива