Минск, 12. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Прекинот на огнот во источниот дел на Украина ќе стапи на сила на 15-ти февруари, објави рускиот претседател Владимир Путин.
Тој ја даде изјавата по маратонските разговори во кои учестуваше и украинскиот претседател Петро порошенко, како и лидерите на Франција и Германија Франсоа Оланд и Ангела Меркел.
Официјален Киев одбива да преговара со самопрогласените републики Донецк и Луганск.
– Договорот постигнат во Минск дава сериозна надеж за регулирање на ситуацијата во Украина, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд по разговорите.
– Ова е сериозна надеж и огромно олеснување за Европа, додаде тој. Сепак францускиот лидер напомена дека претстои многу работа за спроведување на постигнатиот договор. (Крај)
извор: ОхридПрес/АФП фото: АП