Њујорк, 12. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Според првиот човек на НБА лигата, Адам Силвер, на местото на повредениот Двејн Вејд на „All Star“ натпреварот кој ќе се одигра во недела ќе игра Кајл Корвер од Атланта.
Вејд поради повреда на коленото не сакаше да ризикува и го откажа настапот во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.
Поради повреди покрај Вејд настапот на „All Star“ натпреварот го откажаа Блејк Грифин и Коби Брајант, а наместо нив во тимот на Западната конференција ќе играат Демијан Лилард и Демаркус Казинс. (Крај)
извор: Спорт ТА фото:архива
Прочитано: 23