Охрид, 12. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од неодамна младата охриѓанка Елисавета Мартинова, која повеќе години се занимава со изработка на накит, го патентираше својот бренд „Martinelly“.
Под овој бренд, охриѓанката која е вистински ентузијаст во својата работа, продолжува да креира накит.
– Многу сум горда на својата рачна работа во областа на изработката на накит, а мојата среќа е уште поголема што го основав мојот бренд и лого под кои продолжувам да изработувам накит. Брендот е „Martinelly“. По 15 години рачна изработка на накит, продолжувам понатаму со љубов и креативна работа, вели младата Ели.
Мартинова е млад уметник креативец, која своите визии и љубов кон уметноста ги реализира на полето на изработката на уникатен накит.
Материјалите преку нејзините креации добиваат разиграност, што е и рефлексија на енергичниот карактер на младата уметничка. Мартинова вели дека пасијата за изработа на оригинален накит кај неа се појавила во најраната возраст, а секој период од историјата си носи „свои ветрови на модата“, кои се забележуваат по најмалиот, но највреден моден детал и додаток – накитот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива