Скопје, 13. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Хонорарците денес одржуваат втор голем протест во врска со исплатата на хонорарите и поднесување на пресметки на придонеси за договори за дело и авторски договори.
Тие поднесоа барања:
– Да се повлечат законските измени со кои се воведува плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарите
– Преку засилени инспекции на Инспекторатот за труд да бидат отстранети случаите на прикриен работен однос, односно на наметнатото вршење работа без договор или врз основа на договор за дело, при што на работниците не им се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување
– Да се повиши или укине највисоката месечна основица за пресметување и уплата на придонесите од плата кои сега изнесува 6 просечни плати.
Збирното место на протестот е пред Жена парк, а потоа хонорарците ќе се движат кон зградата на македонското Собрание, Министерството за труд и социјална политика, пред Владата и пред Слободната студентска зона УКИМ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива