Барселона,13. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Управата на РК Барселона соопшти дека капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров потпишал нов договор со клубот кој ќе важи до 2017 година.
Актуелниот договор на Лазаров истекуваше на крајот од сезонава, а интерес за него имаше од неколку големи европски клубови.
Лазаров во Барселона пристигна во 2013 година од Атлетико Мадрид, а во својата кариера настапуваше и за Сиудад Реал, Загреб, Веспрем и Пелистер.(Крај)
извор: Спорт ТА фото:МИА
Прочитано: 24