февруари 13, 2015

Охрид, 13. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Комисијата за спроведување на постапката за матурска екскурзија при ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид, објави Јавен оглас за доставување понуди за Матурска екскурзија со учениците од завршната година во учебната 2014/2015 год.

Матурска екскурзија ќе се изведе во Италија со посета на Рим, Пиза, Фиренца и Венеција во периодот од 16-ти до 21-ви мај годинава.

Минималните услови кои треба да ги исполни понудувачот и документите кои треба да ги достави како доказ за исполнување на условите се наведени во тендерската документација составен дел на овој оглас, која може да се подигне лично кај секретарот на училиштето.

Со екскурзијата треба да е предвидено: автобуски превоз на релација Охрид-Игуменица – Република Грцијa. Со брод ноќно патување од Игуменица до Бари. Разглед на Рим. Посета со платени влезници во: Римскиот форум, Колосеумот и Базилика Св. Климент; Панорамски разглед на: Палатата на правдата, Шпанските скали, Пантеон, Фонтаната Ди Треви, Плоштад Венеција, Мостот Тибар, Триумфалната арка. Посета на Ватикан со локален овластен водич. Панорамски разглед на: Кривата кула, Катедралата и Крстилницата, Целодневен разглед на Венеција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука