Доха, 13. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Катарските претставници за спорт во блиска иднина најавуваат дека имаат намера да организираат и трка во Формула 1 шампионатот.
Ова го потврдил потпретседателот на меѓународната автомобилистичка организација Насер Ал-Атијах.
Насер открил дека Катарците до ФИА ќе предложат две опции, една од нив е патеката „Лосаил“ каде што веќе се одржуваат трки во Мото ГП шампионатот, а втората опција е трка низ улиците на Доха. (Крај)
извор: Спорт ТА фото:архива
Прочитано: 24