Њујорк, 13. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Луѓето кои постојано имаат до себе многу вклучени електрични уреди, имаат до 30% поголема шанса да бидат изложени на зрачење, за разлика од луѓето, кои избегнуваат пречесто користење на електрични уреди.
Научниците сугерираат додека се работи на компјутер, до себе да не се чуваат неколку мобилни телефони, а уште помалку истите да се напојуваат на електрична енергија или со батерии. Најголемо зрачење има доколку во вечерните часови, истовремено се разговара на мобилен телефон, се играат видео игри, а е вклучен и телевизорот во истата просторија. Се препорачува кога ќе се заврши ракувањето со еден апарат, да се исклучи, па потоа да се ракува со друг.
И досега се знаеше дека во спалната соба не смее да има никаков електричен уред. Во последно време, за жал, се’ повеќе домаќинства имаат телевизор во оваа просторија и децата, па и возрасните заспиваат со вклучен телевизор. Најголем проблем предизвикува чувањето на мобилни телефони близу до перницата за спиење. (Крај)
извор: ОхридПрес/MNT фото: архива