Канзас, 13. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Често луѓето имаат навика да отстапуваат од препишаната редовна терапија од лекар.
Американските научници откриле дека речиси 8 проценти од испитаниците од Америка и Европа не ги земаат своите лекови како што е пропишано во рецептите.
Често поради немање време, неодговорност или заборавеност, луѓето прескокнуваат да ја земат редовната терапија. Некои, пак, кои не зеле лекови во предвидениот термин, за да надополнат, подоцна пијат по два или три таблети. Лекарите строго предупредуваат да не се удвојува дозата на предходно пропуштената терапија.
Поради зголемено консумирање на лекови во мали временски термини, организмот може да доживее шок. Постои опасност и ризик за појава на тегоби, кои пациентот дотогаш ги немал. (Крај)
извор: ОхридПрес/Foxhealthnews фото: архива