Њујорк, 14. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Научниците докажаа дека како деца не можеме да го почувствуваме вистинскиот вкус на некоја храна.
Затоа секој човек индивидуално достигнува возраст на која почнува да му се допаѓа „храната за возрасни“, како варени јадења, зеленчук, житарици.
Според една студија, во просек на околу 22 години луѓето почнуваат да ја чувствуваат и да им се допаѓаат вкусови како козјо сирење, брокули, чили сос и авокадо, кои како мали ги мразеле.
Ова се должи на бројот на рецептори за вкус во устата, кои со возраста намалуваат.
Бебињата се раѓаат со вроден апетит кон слатки работи. Новороденчињата се раѓаат со 30 000 рецептори за вкус, но со текот на времето само една третина од нив остануваат претежно на јазикот. Ова објаснува зошто тогаш почнуваме да толерираме и да се насладуваме на посилни вкусови. (Крај)
извор: ОхридПрес/NY Post фото: архива