Лондон, 14. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Играчот на Тотенхем, Хари Кејн и менаџерот на екипата на Саутемптон, Роналд Куман се прогласени за најдобри во Премиерлигата за месец јануари.
Хари Кејн изминатиот месец постигна пет гола за Тотенхем и имаше една асистенција, тој по два гола постигна во победите над Челзи и Арсенал а беше стрелец и во поразот од екипата на Ливерпул.
Менеџерот Роналд Куман во јануари го предводеше Саутемптон до победите над Арсенал , Манчестер Јунајтед и Њукалс.(Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20