Базел, 14. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Светската ракометна организација ги објави номинациите за најдобрите ракометари во светот за 2014 година.
Кај машките меѓу петтемина кандидати го нема Кире Лазаров, кој е член на Барселона, а кај женските нема ниту една ракометарка на нашиот најдобар состав ЖРК Вардар.
За најдобар машки ракометар ќе се борат:Никола Карабатиќ ,Тиери Омејер ,Микел Хансен ,Домагој Дувњак и Хоан Канељас.
Кај дамите, меѓу номинираните се Кристина Неагу ,Изабеле Гулден , Едуарда Аморим , Марта Манге и Хајди Локе.(Крај)
извор: Спорт ТА фото: ИХФ
Прочитано: 31