Нови Сад, 14. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) -Една од најголемите музички сензации на новата генерација и наградуваниот британски кантавтор, Tom Odell, по настапите на најголемите светски фестивали како што се „Гластонбери“ и „Коачела“ ќе настапи за 15. роденден на „Егзит“ фестивал на главната бина во петок, 10 јули.
Младиот Дејвид Боуви, како што го нарече Лили Ален, ја освои публиката и критичарите со дебитантскиот албум кој се искачи на првото место на британската топ листа „Long Way Down“, а од кој се издвои и големиот хит-сингл „Another Love“.
Потврдата за вонсерискиот талент на 24-годишниот пејач, стигна во форма на две признанија кои секој музичар најмногу би ги посакал. Наградата за најголемо авторско достигнување Ivor Novello, Одел ја доби уште во 2014. година, а пред него ја освојуваа Питер Габриел, „Јуритмикс“, Дејвид Гилмор, Ерик Клептон, Фреди Меркјури и други музички икони.
Том Одел доаѓа од малиот град Чичестер, каде од својата седма година учи класичен клавир, а на тринаесет години ги пишува првите песни. Се школувал на два музички колеџа, истовремено работејќи како бармен и зграпчувајќи ја секоја прилика за настап и на најмалите клубски сцени. Во јуни 2013. година го објавува дебитантскиот албум „Long Way Down“ кој избива на првото место на британската топ листа, за потоа да уследи поканата од „Ролинг Стоунс“ да го отвори нивниот гигантски концерт во Хајд парк на 13. јули истата година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива