Ротердам, 16. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Станислас Вавринка успеа да победи на силниот турнир што во изминатите седум дена се одржуваше во Ротердам, Холандија.
Швајцарецот во финaлето го победи бранителот на трофејот Томаш Бердих со 2-1 во сетови (4-6, 6-3 и 6-4).
Вавринка нема пораз во финалните мечеви уште од јуни 2013 година, кога славеше на пет натпревари за трофеи во различни градови низ светот. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 24