Каиро, 16. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Светските медиуми јавуваат за ново злосторство на радикалната група „Исламска држава“.
Тие објавија видео од чинот на обезглавувањето на 21 египетски христијани-копти. На снимката се гледа како облечени во црно ги водат заробениците на морскиот брег. Заложниците се принудени да паднат на колена, а потоа се обезглавени.
Сеуште не е потврдена автентичноста на кадрите, но во Египет е прогласена недела на жалост.
Претседателот Абдел Фатах ас Сиси изјави дека неговата земја го задржува правото да одговори на грозоморното убиство во своето дискреционо и соодветно време. Тој најави дека ќе го свика националниот Совет за одбрана, за да се состави план за акција. (Крај)
извор: АФП фото: АП
Прочитано: 25