Охрид, 16. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Новото шеталиште од мостот кај каналот „Билјанини Извори“ до месноста „Свети Стефан“ ќе се изгради за период од една година.
Првата фаза од проектот ќе ја реализираат фирмите „Еуро стил“ од Охрид и „Инсталација“ од кичевското село Длапкин Дол, а за таа намена се издвоени околу 110.000 евра.
Планирано е да се гради шеталиште наменето за пешаци, велосипедисти и возачи на ролери, а ќе се поставува ново осветлување и урбана опрема.
Предвидено е патеката да биде широка 12 метри од кои осум метри патека за пешаци и по две метри патеки за велосипеди и ролери како и за дотур на стока од стана на угостителските објекти кои се лоцирани на овој потег. По изградбата на првата фаза, општина Охрид ќе премине на спроведување и на втората етапа од проектот, која подразбира целосна изведба на променадата до месноста „Свети Стефан“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива