Каиро, 16. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Неколку часа откако “Исламска држава” го рашири видеото за обезглавувањето на 21 египетски христијани-копти, Египет го возврати ударот.
Земјата презела воздушни напади врз цели на џихадисти во Либија, објави ББС.
Ова е прв случај во кој Каиро јавно признава дека се преземени воени дејствија во соседна Либија, каде екстремистичката организација, која се смета за закана и за двете страни, се зацврствува во последните години.
Во соопштението се наведува дека биле нападнати воени кампови, области за обуки и магацини за складирање на оружје. Повеќе детали не се наведуваат. Сведоци велат дека воени удари биле извршени во пристанишниот град Дерна.
Властите во Египет велат дека воздушните напади биле “за да се одмаздат за крвопролевањата и да побараат одмазда од убијците”. (Крај)
извор: BBC фото: BBC