Прилеп, 16. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Неколкумина прилепчани со џипови, спасија седумнаесет планинари од Скопје и од Kуманово, откако комбето со кумановски таблички се лизнало на патот за манастирот Трескавец и застанало на работ од амбисот длабок неколку стотини метри, пренесува Дневник.
Прилепчаните Методија Најдоски, Ѓорѓи Гркоски, Гриша Петрески, Сашо Бојоски и Роберт Јанкулоски успеаја да ги извадат планинарите и закопаното комбе во снегот и да им го спасат животот.
По драмата и успешната спасувачка мисија, кумановките планинари си заминале дома безбедно. (Крај)
извор: Дневник фото: Дневник
Прочитано: 26