Охрид, 16. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – И годинава продолжува поетскиот карван на Друштвото на писателите на Македонија.
Минатата година беа обиколени неколку македонски градови, каде се случуваат поетски средби со авторите од секој град. Охрид минатото лето беше дел од првиот циклус на поетските карвани „Почувствувај ја Македонија“. На настанот кој се одржа во Охрид, на писателот и поет Видое Видичевски, заедно со други македонски автори, му беше доделено признанието „Витез на македонскиот пишан збор“.
Според најавата на Друштвото на писателите на Македонија и годинава Охрид влегува во избраните градови, каде ќе се слави пишаниот збор.
Новиот циклус поетски карвани ДПМ го започна минатиот месец. Во текот на оваа година, во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во Македонија, ДПМ ќе реализира 17 поетски карвани. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива