февруари 17, 2015

Скопје, 17. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Еврокомесарот за разговори за проширување Јоханес Хан за време на неговата денешна посета на Скопје со македонските политичари ќе разговара за решавање на политичката криза во земјата.

Повторувајќи го повикот сите политички партии да се вратат во парламентот тој вчера во Брисел изјави:

– Побарав од претставниците на главните политички партии во Европскиот парламент да направам сличен напор каков што имавме успех во Албанија каде што претставниците на Европскиот парламент, Кукан и Флекештајн успеаа да постигнат договор кој доведе до ситуација опозициската партија да се врати во парламентот и мислам дека тоа е добар пример. Бидејќи го засега парламентот, логично е Европскиот парламент а не комисијата да го направи тоа. Тие се подготвени да го сторат тоа и јас сум среќен и се надевам на успех, изјави Хан.

Комесарот за проширување Јоханес Хан во Скопје на одвоени средби со премиерот и лидерот на СДСМ ќе разговара за неговата идеја во решавање на актуелната политичка криза да се влучат европратеници од двете најголеми политички групации во Европскиот парлемент, Европската народна партија и Европските социјал-демократи. (Крај)

извор: Р.С. Европа фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука