Лондон, 17. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на Арсенал и Манчестер јунајтед ќе играат во четвртфиналето на ФА купот, откако „црвените ѓаволи“ синоќа со пресверт во 1/8 финалето го победија третолигашот Престон со 3-1.
Резултатот го отвори гостинскиот играч Лерд во 47-та минута, но со головите на Херера, Фелаини и Руни од пенал во 88-та минута Јунајтед направи пресврт и дојде до конечната победа.
Покрај натпреварот Арсенал – Манчестер јунајтед во 1/4 финалето ќе играат градските ривали Астон Вила и ВБА, а другите два пара се Ливерпул – Блекбурн и Брадфорд – Рединг. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 17