Битола, 17. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – На состанокот на пелагонискиот кризен штаб беше одлучено да се изврши санација на најоштетените делови на коритото на реката Црна.
Меѓутоа после стабилизирањето на временските услови, да биде извршено целосно чистење на коритото на реката Црна во должина од 42 километри.
Во периодот кој следува се очекуваат повисоки дневни температури, и затоа ќе се изврши подготовка на коритото на реката Црна за новодојдените води кои се очекуваат со топењето на снегот.
Исто така беше истакнато и дека општините со заедничка координација, целосно ќе се вклучат во решавањето на овој проблем, и веруваат дека надлежните институции на кои со закон им е доверена заштитата на коритото на реката Црна ќе ги извршат сите потребни интервенции. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива